Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески ги повикува градоначалниците да ги преземат сите потребни чекори за исполнување на соодветните законски услови за управување со градежно неизградено земјиште во сопственост на Република Македонија. По исполнување на законските услови, потребно е да се достави соодветно барање за добивање овластување со кое ќе може се водат постапките за отуѓување на неизградено градежно земјиште по пат на електронско јавно наддавање. По разгледување на барањето од страна на Комитетот за градежно земјиште, Владата ќе донесе одлука за преземање на управувањето со градежното земјиште. Согласно Законот за градежно земјиште, општините кои ќе ги исполнат условите за управување со градежно неизградено земјиште ќе можат да го преземат управувањето со градежното земјиште.
Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески ги повикува градоначалниците да ги преземат сите потребни чекори за исполнување на соодветните законски услови за управување со градежно неизградено земјиште во сопственост на Република Македонија.
По исполнување на законските услови, потребно е да се достави соодветно барање за добивање овластување со кое ќе може се водат постапките за отуѓување на неизградено градежно земјиште по пат на електронско јавно наддавање. По разгледување на барањето од страна на Комитетот за градежно земјиште, Владата ќе донесе одлука за преземање на управувањето со градежното земјиште.
Согласно Законот за градежно земјиште, општините кои ќе ги исполнат условите за управување со градежно неизградено земјиште ќе можат да го преземат управувањето со градежното земјиште.
- Се надевам дека со имплементација на овој процес и со пренесување на надлежностите на единиците на локалната самоуправа, ќе бидеме чекор понапред во процесот на децентрализација на Република Македонија - стои во отвореното писмо на Јанакиески до градоначалниците.
Согласно Законот за градежно земјиште, за да ги исполнат условите општините треба да имаат развиено и усвоено Годишна програма за управување со државно градежно земјиште, да имаат минимален број на лиценцирани општински службеници, да имаат воспоставен систем за електронско наддавање и комисија за Јавно електронски наддавање. Досега, овластувања за управување со неизграденото градежно земјиште имаат добиено општините Берово, Кочани, Илинден, Пробиштип, Штип, Гевгелија, Битола, Демир Капија, Струга, Струмица, Делчево, Карпош, Кисела Вода и Виница.